| Зошто да се иселите? Сакате да напредувате во вашата кариера?
Ви треба личен или професионален предизвик?
Сакате да заработите повеќе во вашето занимање?
Имате ли лични несогласување кои би ги заборавиле?
Имате ли деловни идеи за нови пазари?
Сакате да им пружите подобра иднина на вашите деца и да го промените начинот на живот?
Ако сте одговориле со ДА на горенаведените прашања, вие сте едно од многуте лица кои одлучиле да преземат важен чекор и целосно да го променат својот живот.
Штом се одлучите што сакате, вашите цели ќе станат реалност и ќе го постигнете она кон што се стремите.
Кој може да се исели?
За да се квалификувате за службените државни програми, ви треба следново:
- Занимање и неколку години работно искуство
- Познавање на англискиот јазик доволно за разбирање
- Семејство во Австралија, Канада или Нов Зеланд
- Искуство во работење и вложување
- Завршени студии во една од овие земји
Ако сакате да се иселите во новата земја:
Прв чекор: пополнете го формуларот за првична проценка, испратете ни го вашето CV(биографија) и истражете ги вашите можности!
Assessment form English.doc
Assessment form
English.pdf
Формулар за проценка македонски.doc
Формулар за проценка
македонски.pdf
Ние ќе ви помагаме цело време со стручни и правни совети, прашања поврзани со сместување и вработување, како и сите други прашања кои би се појавиле за време на визната постапка и контактите со иселеничките служби во ваше име.
Ако сакате да работите или студирате во новата земја:
Прв чекор: Испратете ни го вашето CV(биографија) и ние ќе ги истражиме вашите можности за студирање или вработување. Ќе го пронајдеме најповолното решение за студирање(ако планирате да побарате постојан престој подоцна) и помош во пронаоѓањето спонзор за вработување. После тоа ние ќе го обработиме вашето барање за виза и ќе ве водиме низ сите бирократски препреки.
Ако сакате да отворите фирма во новата земја:
Прв чекор: Истражување на пазарот и деловниот план, како и запознавање со начинот за претставување на пазарот на работна сила. Кога еднаш тоа ќе се постигне и ќе бидете подготвени да започнете нови деловни активности во избраната земја, ние ќе бидеме постојано покрај вас со деловно советување, оперативни совети и со се она што треба да го знаете за работењето, културата, пазарот и животот воопшто.
Кои сме ние?
Ние сме регистрирани советници за иселенички прашања со седиште во Австралија со акцент на потребите од европските жители.
Специјалисти за визи за Австралија, Канада и Нов Зеланд.
Средуваме договори за вработување за различни занимања.
Ја пронаоѓаме вашата нова работа.
Помагаме во сите аспекти од сместувањето и вработувањето.
Зошто ви треба советник за иселување?
- За да најдете најдобро решение за земјата за која сте заинтересирани
- За да ги следиме измените во законот за иселеништво наместо вас
- За да ве известиме во врска со над 150 класи и поткласи на визи
- За да ја избереме најдобрата виза за вашиот случај
- За да ве запознаеме со потребните услови за секој тип виза кој се однесува на вашиот случај
- За да го избереме соодветниот орган за проценка на вашите стручни способности (само во Австралија ги има преку 40)
- За да ја подготвиме стручно вашата документација
- За да го следиме редовно вашиот предмет и да ви ги зголемиме шансите за бараното решение
- За да пронајдеме вложувачи и деловни партнери за вас
- За да ви пружиме информации од прва рака за сите земји кои ги нудиме
- За да помагаме со информации за животот и сместувањето во новата земја
- За да ви подготвиме програма за сместување и вработување
СЕКОГАШ СТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ!
НАШИ КОНТАКТИ:
Contact Zoran Jovanoski in Macedonia
Office: + 389 48 420 020
Mob: + 389 71 245 930
Email: info@neoglobal.mk
ACTIVE MIGRATION
Adresa: Po Box 364
Pacific Fair Gold Coast
QLD 4218 - Australia
Telefon: +61 7 5578 5155
Fax: +61 7 5578 5159
Email: info@activemigration.com
|